Скопје
До крајот на годинава ќе пристигнат два слона во Зоолошката
До крајот на оваа година треба да пристигнат два слона во Зоолошката градина во Скопје и со тоа по 24 години во оваа Зоолошка ќе има повторно слонови.
Во тек е изградба на живеалиштето за слоновите коешто треба да биде готово есенва и за кое Град Скопје издвои 26 милиони денари. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот за ЈУ „Зоолошка градина“, Јорданчо Милошевски извршија увид во градежните работи во Зоолошката градина.
„Новото живеалиште за слон ќе се изгради на парцела со површина од 3.200 квадратни метри, а во него ќе се изгради и објект сo површина од 400 квадратни метри. За изградбата на новото живеалиште за слон Град Скопје издвои 26 милиони денари, а истото треба да биде готово есенва“, градоначалникот Трајановски.
Проектираното живеалиште за слонот се состои од внатрешен и од надворешен дел, кои се поделени на два дела за два слона. Надворешното живеалиште, коешто се планира да биде примарно место за нивен престој бидејќи климатските услови му одговараат, ќе ја пресликува природната околина во којашто живеат слоновите, и ќе се посвети особено внимание на подлогата, деловите исполнети со вода и декорацијата и хортикултурното уредување на целото живеалиште. Внатрешното живеалиште е составено од повеќе делови, како дел за хранење и спиење, дел за набљудување, дел за посетители и дел за нивните негуватели. Поради начинот на кој се негува слонот, планирани се специјални прегради меѓу делот за негуватели и делот каде што се чистат ушите на слонот и се одржуваат ноктите.
Во надворешната обработка ќе се користат природни нетоксични материјали, дрва и тули. Целиот периметар на живеалиштето е хортикултурно обработен, а само на одредени места се оставени делови за набљудување каде што со ровови се одделени посетителите и слоновите. Секундарната ограда е електрична со низок напон.
Бидејќи мажјаците се секогаш одвоени од женките и живеат сами, а женките живеат во групи со повеќе женки и деца, а се спојуваат само во сезоните за парење, ова живеалиште е поделено на два дела.
Зоолошката градина во Скопје имала слон во збирката животни, и тоа индиска слоница по име Анка, која живеела од 1964 до 1992 година./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

