Скопје
Добротворен меѓународен базар, во сабота, во ГТЦ
„Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) и оваа година по шести пат ќе се вклучи во одбележување 1-ви јуни Меѓународниот ден за заштита на правата на детето.
„Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) и оваа година по шести пат ќе се вклучи во одбележување 1-ви јуни Меѓународниот ден за заштита на правата на детето.
Како и претходните години DMWC, заедно со амбасадите во Македонија, бизнис заедницата, невладиниот сектор, меѓународните училишта, го организира DMWC Добротворниот меѓународен базар. Почесен преседател на Базарот 2016 е Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во Македонија, а главен покровител е град Скопје.Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца од улица – Шуто Оризари.Добротворниот базар ќе се случи на 4 јуни, сабота, во ГТЦ (приземје) Скопје со почеток во 11 часот. Базарот за отворен ќе го прогласат: Емилија Миладинова Аврамчева – претседател на DMWC, Коце Трајановски – гардоначалник на Град Скопје иЧарлс Гарет – амбасадор на Велика Британија во Македонија и почесен претседател на Базарот за 2016 година.Средствата од Базарот во 2015 година беа наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“– Капиштец, а од Базарот во 2014 беа наменети за децата од посебното основното училиште „Златен Сремец“,Скопje. Во 2013 година парите заминаа кај децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром – Скопје, додека во 2012 година беа наменети за поддршка на децата во посебното основно училиште „Илинден“Скопје.На програмата на базарот се и музичко-сценски настап на ученици од: Американско училиште (American School), Британска детска академија (Британска градинка), Дневен центар за деца од улица – Шуто Оризари, Француско меѓународно училиште, КУД Цветан Димов, Меѓународно училиште НОВА, Меѓународно училиште Кју – Ес – Ај (QSI), НВО Сумнал, Центар за модерни и спортски танци „Прима Данца“, лотарија, доделување на благодарници на учесниците и спонзорите. Aмбасадите на Албанија, Бугарија, Велика Британија, Италија, Иран, Србија, САД, Кина, Словачка, Словенија, Турција, Франција, Црна Гора, Шпанија, Холандија и Катар ќе промовираат и продаваат производи и сувенири од нивните земји.Во базарот се вклучени и ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа, Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), делегацијата на УНИЦЕФ, Скопје и делегацијате на Европската унија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

