Скопје
Доделени наградите на победниците на велосипедската трка во Гази Баба
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во недела им ги додели наградите на победниците на велосипедската трка на трим патеката во Рекреативниот центар „Гази Баба“.
Во трката се натпреваруваа велосипедисти во шест категории и тоа: Хоби, Кадети, Мастерс, Елите, Жени и Јуниори. Должината на кругот изнесуваше 4,5 км, а учесниците во секоја од категориите имаа различни задачи. Учесниците од мастерс и јуниор категоријата возеа пет круга, жените велосипедисти, како и оние што возат велосипед од хоби возеа по три круга, кадетите четири круга, а оние од категоријата Елите возеа шест круга.
Победници по категории:
Хоби
1. Михаил Тасевски
2. Димитар Златков
3. Андреј Хаџивасилев
Жени
1. Анета Антовска Енерџи Скопје
2. Катерина Николовска Енерџи Скопје
3. Андреа Будимовска Енерџи Скопје
Мастерс
1. Владимир Микиќ Енерџи Скопје
2. Мартин Анастасовски Енерџи Скопје
3. Љубиша Кондев Енерџи Скопје
Кадети
1. Новица Вељановски Екодром Охрид
2. Драган Јованов Свиок Радовиш
3. Јаков Јованоски Екодром Охрид
Јуниори
1. Петар Упевчески Екодром Охрид
2. Јован Јованоски Екодром Охрид
3. Влатко Рабаџиски Свиок Радовиш
Елит
1. Левент Рифат Мадал Бал Скопје
2. Горан Кузмановски Е.Б.Т.С Скопје
3. Александар Ѓуровиќ Енерџи Скопје
Трката ја организираа Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, Македонската велосипедска федерација и Градот Скопје, а истата се одржа за ранг листата во планински велосипедизам „Гази Баба 2014”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)