Скопје
Дом за стари лица почна да се гради во Општина Илинден
Камен-темелник на Дом за стари лица – Дом за живеење и нега „Втора младост“, беше поставен во Општина Илинден, во присуство на градоначалникот на општината, Жика Стојановски и инвеститорот, сопственикот на градежната компанија „Адора инженеринг“,Ванчо Чифлиганец.
Камен-темелник на Дом за стари лица – Дом за живеење и нега „Втора младост“, беше поставен во Општина Илинден, во присуство на градоначалникот на општината, Жика Стојановски и инвеститорот, сопственикот на градежната компанија „Адора инженеринг“,Ванчо Чифлиганец.
Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 4,5 милиони евра, со што ќе се овозможи отворање на 30 до 40 нови работни места.„Познат е фактот дека меѓу најзначајните надлежности на општината се издвојува локалниот економски развој и урбанистичкото планирање на просторот, преку кои на инвеститорите што сакаат да основаат свој бизнис им нудиме квалитетни и привлечни локации, меѓу кои е и оваа на која денес почнува да се гради Дом за стари лица“, рече градоначалникот Стојановски.Тој додаде дека во текот на последните неколку години вложени се значителни напори за подобрување на конкурентноста и поддршката на приватните инвестиции, што за своја програмска основа го има зајакнувањето на конкурентноста и привлечноста на Општина Илинден како средина која што е поволна за водење бизнис.„Со реализацијата на овој проект Општината останува на своите трајни определби континуирано да се грижи за потребите на своите жители, реализирајќи ја визијата за подобар живот на сите возрасти на граѓани на Општина Илинден“, додаде градоначалникот Стојановски.Чифлиганец смета дека во Општина Илинден, со издрабата на овој дом, почнува да се реализира едно хумано дело.„Целта на ‘Адора инженеринг’ е со овој инвестициски зафат, што се реализира на атрактивна локација до главната сообраќајница во Општина Илинден, во Македонија да се понуди европски квалитет на нега, грижа и живеење во комплексот ‘Втора младост’, каде што возрасната популација ќе може во квалитетни услови да домува, да се лекува, да се рекреира, да се забавува и да си го разубави животот“, рече Чифлиганец, додавајќи дека во домот ќе живеат околу 150 возрасни лица.Чифлиганец најави дека во план е ова место да биде рекреативен комплекс кој покрај дом за живеење ќе има и многу други содржини, проект што ќе се реализира во соработка со Општина Илинден и Владата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

