Скопје
Државни делегации положија цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје

Официјални делегации и претставници на институции во сабота, на Градските гробишта во Бутел, положија цвеќе пред споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што на денешен ден, 26-ти јули, во 1963 година го разори Скопје.
Делегацијата од Град Скопје ја предводеше градоначалникот Коце Трајановски.
Цвеќе во спомен на жртвите во катастрофалниот земјотрес положија и официјална делегација на Собранието на РМ предводена од потпретседателот на собранието, Антонио Милошоски, делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, тричлена делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски, од Министерството за внатрешни работи, предводена од министерката Гордана Јанкуловска, Министерството за образование, Министерството за правда, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, предводена од министерот Миле Јанакиески, Министерството за животна средина и просторно планирање, делегации од политичките партии, делегации од сите општини на Град Скопје, Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец, Амбасадата на Франција, претставник од Амбасадата на Турција во нашата земја како и претставници од амбасадата на Кина во РМ.
Цвеќе положија и делегации на политичките партии, јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје и членовите на Црвениот крст, како и припадници на други јавни институции од земјава оддавајќи им почит на жртвите во катастрофалниот земјотрес во далечната 1963 година.
Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, што се наоѓа во ДХО „Даре Џамбаз“, во тек е традиционалната крводарителска акција во организација на Црвениот крст на град Скопје.
Вечер, во Музејот на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“.
Во 20:30 часот, во Салонот на МГС ќе биде отворена изложбата на фотографии „Скопје ‘63 – филмска хроника на едно време“.
Проекција на еден од најнаградуваните документарни филмови „Скопје ‘63“ на режисерот Вељко Булајиќ е закажана за во 21 часот во Музејот на град Скопје, со што ќе биде одбележана 51 годишнината од катастрофалниот земјотрес.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)