Скопје
Едо Маајка, Игор Џамбазов и Тропико Бенд, дел од „Пролетен Вино Фест“ 2016
Уште неколку дена не делат од почетокот на петтиот по ред „Пролетен Вино Фест“.
И оваа година има одлична музичка програма за сите вкусови. Свој настап ќе имаат: босанскиот рапер Едо Маајка, неповторливиот Игор Џамбазов, мајсторите за забава Тропико Бенд, најдобриот македонски хип-хоп диџеј Гоце САФ, младата атракција Chill Play, шармерот Влатко Илиевски, кралот на народната песна Миле Кузмановски, шоуменот Жаре Бербер, Brass Brothers, Accustic Division, Backdoor Band, Караваниа, Каверленд, Диџеј Тина, Диџеј Александар Јорданов и други.На овогодинешното издание ќе земат учество повеќе од десет македонски винарии кои на „Пролетниот Вино Фест“ ќе го понудат своето најдобро: Тиквеш, Сковин, Бовин, Стоби, Поповска Кула, Далвина, Повардарие, Визба Валандово, Вардарска Долина, Пивка и други. Покрај најубавите македонски вина посетителите ќе можат да уживаат и во вкусни и деликатесни мезиња од повеќе македонски мезиња. Од 11-ти од 15-ти мај „Пролетнен Вино Фест“ на паркингот пред Веро Центар, секој ден од пладневните до доцните часови Скопје ќе пулсира во ритамот на виното. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

