Скопје
Екипата „Урбани уметнички акции“ постави две „кабини за дишење“ во Скопје

Во знак на поддршка на напорите на граѓаните и еколошките организации за решавање на проблемот со енормното загадување во Скопје, екипата наречена „Урбани уметнички акции“, постави две „кабини за дишење на свеж планински воздух“ во Скопје, односно едната кај трговскиот центар Буњаковец, а другата кај пазарчето во општина Аеродром.
Од „Урбани уметнички акции“ додаваат дека со оваа акција сакаат да им помогнат на граѓаните барем малку да подишат чист воздух, а акцијата ќе продолжи и наредните денови и ќе се носи нов свеж планински воздух. По Скопје акцијата кје биде спроведена и во Тетово, додаваат од организацијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)