Скопје
Екипи на црвениот крст и денеска на градските улици
Три мобилни екипи со три возила и 12 волонтери на Црвениот крст на град Скопје и во четврток ќе патролираат низ улиците во Скопје од 11 до 17 часот и ќе поделат околу 1.500 шишиња со вода на минувачите.
Три мобилни екипи со три возила и 12 волонтери на Црвениот крст на град Скопје и во четврток ќе патролираат низ улиците во Скопје од 11 до 17 часот и ќе поделат околу 1.500 шишиња со вода на минувачите.
Веќе неколку години Црвениот крст на град Скопје активно се вклучуваат со превентивни и теренски активности во насока на заштита на населението од топлотниот бран кој ја зафаќа нашата земја во летниот период. Активностите се координирани со Црвениот крст, Министерството за здравство и Градот Скопје и Центарот за управување со кризи. Активностите на тимовите на Црвениот крст на град Скопје беа поделени во два дела- теренски активности и дежурства на СОС линијата. Во рамките на теренските активности, обучени волонтери и лекар, со возила на Црвениот крст патролираа по најфрекфентните локации во нашиот град, делеа вода и флаери за граѓаните со совети како да се заштитиме од топлотниот бран. Во рамките на теренските активности на неколку пунктови, се вршеше мерење на крвен притисок на граѓаните кои се пожалија на здравствени потешкотии, а беше организиран и транспорт за постари лица и хронично болни кои побараа помош од екипите на Црвениот крст. За активностите во овој период, ангажирани беа 40 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, 10 волонтери од Тимот за спасување на планина и пет возила од кои три ќе патролираат низ градот, а две за време на викенди ќе бидат дежурни на Планинско спасителните станици Водно и Матка.Тимот за спасување на планина при Црвен крст на град Скопје, како и секоја година така и оваа активно се вклучува во активностите околу превенирање и намалување на штетите предизвикани од топлотниот бран и појава на пожари на отворено. Волонтерите од тимот, преку делење пропаганден материјал во овој временски период се обидуват да влијаат на свеста на граѓаните и нивните навики кога се движат низ планинските предели, а во соработка со Шумска полиција, и ЈП „Паркови и зеленило”, од 01.06. до 31.08.2015 година ќе бидат активни во давање совети на граѓаните како да се заштитат од топлотниот бран и да им укажат Прва помош доколку е потребно.Дваесет тимови на волонтери од Тимот за одговор при катастрофи во текот на јуни и јули на територијата на град Скопје досега поделиле 7.000 шишиња со вода, односно 3.500 литри вода. За помош се обратиле 70 лица од кои четири лица се пренесени до нивните живеалишта.Во рамките на Здравствениот акционен план за топлотни бранови, кој е на ниво на Министерството за здравство, веќе неколку години функционира СОС ЛИНИЈА за топлотни бранови, чија главна цел е да дава информативни совети во однос на превенирање на здравствени последици кои може да јавуваат како последица од високите температури. Истата функционира на рамките на Црвениот крст на РМ-Црвен крст на град Скопје. На линијата секој работен ден од 10 до 18 часот има дежурни волонтери, кои поминаа обука за давање совети и корисни информации на граѓаните поврзани со превенција од евентуални несакани последици по здравјето, како и превентивни совети. Телефонот на кој може да се обратат граѓаните секој работен ден е 02 32 21 902, а истиот функционира од 16.06.2014 година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.

