Скопје
Енергетски обновената градинката “8 Март” во населбата Пржино
Енергетски обновената градинка “8 Март” во населбата Пржино во петок беше пуштена во употреба.
„Во овој објект пред 2,5 години направивме целосна реконструкција на покривот, ги променивме азбестните табли. Она што недостигаше беше промена на прозорците, на целата столарија и појачување на фасадата, како би се добил ефектот на затоплување во зимските услови“, рече градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.За реконструкцијата на градинката беа потрошени 2.300 000,00 денари, од нив општина Кисела Вода партиципираше со 770 000, 00 денари од сопствениот буџет.Градоначалничката на Кисела Вода најави дека работат на проект за воведување систем на затоплување со биомаса во градинките и училиштата ширум општината. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

