Скопје
ЕВН Македонија изгради нов далновод во Драчево
ЕВН Македонија ја изгради привремената нова делница од 110 кВ далновод во Драчево со што најбрзо го реши проблемот со снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населбата.
Само за два дена беа изградени двата портални дрвени столба со што се активираше Трафостаницата Драчево 1 ( 110/10 кВ). Со ова привремено решение се обезбеди доволно енергија за сите корисници непречено да се снабдуваат.
ЕВН Македонија изготви техничко решение и го почна поставувањето на новиот решеткаст 110 кВ столб на местото на оштетениот од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица.
„Геолошките истражувања покажаа дека треба да се обезбеди нова посигурна локација за поставување на новиот столб. Екипите на ЕВН ќе вложат максимални напори проектот да се реализира во најкус можен рок, во меѓувреме привремената мрежа ќе помогне да се избегне ограничувањето на потрошувачката во однапред одредени временски интервали“, се вели во соопштението од компанијата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности“: Герасимовски упати јавен повик за граѓанските организации
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.
Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.
„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.
Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.
Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков“ бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

