Скопје
Фрлањето на крстот во Вардар прв настан на новиот премиер Димитриев
По повод чествувањето на празникот Богојавление Водици, претседателот на Владата, за спроведување на парламентарните избори, Емил Димитриев, во вторник, ќе присуствува на чинот на положување на Светиот крст во водите на реката Вардар.
Настанот ќе се одржи на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“, во 11.45 часот.
Од кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, пак, соопштија дека тој, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во 12 часот ќе присуствува на големиот богојавленски водосвет и фрлањето на Чесниот крст во водите на реката Вардар на „Железниот мост” во населбата Хром каде свештениците од двата храма „Св. Петар и Павле” од Ѓорче Петров и „Св. Пантелејмон” од Нерези ќе одржат заедничка служба
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, што ќе се одржи во Кичево. Со почеток во 10:00 часот, претседателот Иванов ќе присуствува на богослужбата во Соборниот храм „Св. Петар и Павле“ и на церемонијата на положување на светиот крст./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




