Скопје
Гасифицирани СУГС „Арсени Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на СУГС „Арсени Јовков“, Јованка Аспровска, во понеделник го пуштија во употреба новиот котел на гас во СУГС „Арсени Јовков“.
„Денеска на почетокот на грејната сезона ги пуштаме во употреба котлите на гас во СУГС ’Арсени Јовков’, каде што учат околу 2.000 ученици, дел од проектот за гасификација на две училишта, кој изнесува 15 милиони денари, а го опфаќа и СУГС „Зеф Љуш Марку“, рече градоначалникот Трајановски.
Според пресметките, се очекува да се заштеди околу 50 % од финансиските средства кои се трошеле за греење и повраток на инвестицијата за околу четири години. Досега гасификација е спроведена во две средни училишта, односно во СУГС „Здравко Цветковски“ и во СУГС „Георги Димитров“, а во тек е изработката на проекти за гасификација на уште седум средни училишта. Изработката на проекти ќе заврши до средината на следниот месец, кога ќе распише тендер за гасификација на СУГС „ Д-р Панче Караѓозов“, а потоа и на: СУГС „ Марија Кири –Склодовска“,„ Владо Тасевски“, „Панче Арсовски“ и на другите средни училишта коишто локациски се поблизу до постојната транспортна мрежа со гас.
„Со реализација на овој проект Градот Скопје придонесува за подобрување на еколошката состојба на градот, затоа што ќе се замени користењето на течното гориво (масло за домаќинства, мазут) со природен гас, со целосно елиминирање на емисија на сулфур двооксид и саѓи, големо смалување на азотните оксиди и значително намалување на емисијата на јаглеродиоксид“, информираат од Град Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

