Скопје
Гази Баба има потреба од чизми и ракавици за расчистување
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/poplavi20vojska6.jpg)
Општина Гази Баба во моментов има најголема потреба од средства за дезинфекција, чистење и лична хигиена, како и заштитна опрема (чизми, ракавици, маски), бидејќи се врши расчистување на настраданите подрачја.
Општина Гази Баба во моментов има најголема потреба од средства за дезинфекција, чистење и лична хигиена, како и заштитна опрема (чизми, ракавици, маски), бидејќи се врши расчистување на настраданите подрачја.
Територијата на Општина Гази Баба беше зафатена од големите поплави во саботата, при што беа поплавени стотици домови на жители.Од тогаш, самите граѓани, помогнати од волонтери, од службите, од војници, пожарникари, ги расчистуваат домовите, улиците и приодните патишта.Хуманитарна помош се распределува преку Црвен крст, но како што соопштија од општината, имаат потреба од основни средства за расчистување, како што се чизми, ракавици, маски, и секако, средства за дезинфекција и чистење./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Герасимовски: Ja отстранувамe дивата депонија во Буњаковец, следува дезинфекциja
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/4-6.jpg)
Во тек се активностите за целосно расчистување на дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец. Ангажирана е соодветна механизација и камиони за отстранување на отпадот, меѓу кој има токсични материјали, азбестни плочи и друг опасен отпад што претставува сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина.
Местото подолг период било користено како магацин-депонија од несовесни лица, каде во непосредна близина на станбени згради и спортското игралиште во рамки на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ се складирале различни видови отпад.
Ваквите диви депонии претставуваат сериозен ризик за околината, бидејќи се потенцијален извор на заразни болести и појава на штетни инсекти и глодари.
„Се работи за дива депонија која со години наназад била заградена и присвоена, невидлива за граѓаните, а во неа се складирал секаков вид отпад. Нашите инспекции лоцираа и други слични диви депонии и смет во околината. Планираме нивно целосно отстранување и уредување на просторот“, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
По целосното расчистување, просторот ќе биде дезинфициран и уреден за да се спречи понатамошно загрозување на здравјето на жителите и да се обезбеди чиста и безбедна околина.
Скопје
МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/policija-mvr.jpg)
Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.
Скопје
Утре без струја дел од Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/bez_struja.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе остане дел од општина Центар.
Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Шумадиска ќе останат без струја.