Скопје
Гимназијалците од „Корчагин“со мјузикл во името на хуманоста
Во понеделник, со почеток во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе се одигра мјузиклот „Шантрава азбука“, трет од серијалот мјузикли на скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ под менторство на професорките Татјана Алексиќ и Елизабета Николоска Дадиќ.
Во понеделник, со почеток во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе се одигра мјузиклот „Шантрава азбука“, трет од серијалот мјузикли на скопската гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ под менторство на професорките Татјана Алексиќ и Елизабета Николоска Дадиќ.
Претставата „Шантрава азбука“ е инспирирана од култната телевизиска серија од 1980-те „Бушава азбука“, главни актери се 31 разиграна буква и 24 стилски фигури, а музичкиот спектакл е збогатен со специјална театарска костимографија и сценографија.
„Доста веќе со вербални препукувања! Пуштете вода врз кавгите, да се исплакнеме од вулгарности, да се избистриме од поганштини, да се исплакнеме и блеснеме во чисти фигури! Симболот е присутен и кога е отсутен, зборува и кога молчи, а не е оксиморон. Симболот е гласна тишина, сплотува луѓе кои немаат заеднички јазик за комуникација. Симболи колку и јазици низ светот, а човек кој знае стилски да користи симболика, знае и разбира сè. Симболот сплотува, тој е јазичен Орфеј и ако нема меѓусебна почит на буквите и стилските фигури, нема ни јазик, ниту говор, ни светлина, ниту иднина во Небиднина“, пишува професорката Алексиќ.
Билетите за оваа претстава се продаваат на билетарницата на МОБ по симболична цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани за помош на настраданите семејства од поплавите кои ја зафатија Македонија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

