Скопје
Град Скопје: Градот презема голем број мерки за спречување на загадувањето

Проблемот со загаденоста на воздухот во Скопје е проблем кој е многу комплексен и за решавање на истиот се вклучени голем број на институции, вклучувајќи го и Градот Скопје, се вели во писмената реакција на Град Скопје, на обвинувањата на СДСМ дека Градот нема капацитет ниту волја за надминување на проблемите со загадениот воздух во Скопје.
„Градот Скопје во минатото и сега делува на ова поле преку голем број на мерки, согласно законските ингеренции. Градот Скопје учествува во Меѓусекторското координативното тело за квалитет на воздух, формирано заради решавање на проблемите со загадувањето на воздухот со интерсекторски пристап, бидејќи поради комплексноста на проблемот и законските ингеренции, во решавањето на истите се вклучени голем број на државни и локални институции и претпријатија“, се вели во реакцијата.
Во таа насока, стои во реакцијата, Град Скопје на седница во четврток усвои Информација за краткорочните и долгорочните мерки и активности кои ќе ги преземе Градот за справување со постојаното енормно загадување на амбиентниот воздух во гСкопје, со посебен акцент на постојниот зимски период кога загадувањето е најкритично.
„Дополнително, доколку дојде до состојба каде повеќе од 10 дена има загадување на воздухот, покрај бројните мерките и активностите за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот кои се применувани во изминатите години, ќе бидат проширени со активности што произлегуваат од изготвената Оперативна програма за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух со ПМ10, Планот за одржлив транспортен систем на Град Скопје и Акцискиот план за одржлив енергетски развој на Град Скопје, но и со активности од искуствата на други градови во Европа“, велат од Град Скопје.
Тука како новитет е проектот за апликација на калциум – магнезиум – ацетат на сообраќајниците во градот, заради контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата. Оваа метода се применува во големите светски метрополи како што се Лондон, Виена, Клагенфурт, Линц, Хелсинки, Брунек, Штудгард, Стокхолм, Гетеборг итн, чија понатамошна примена ќе зависи од првичните резултати што ќе се добијат во наредната зимска сезона. Средството е набавено и во моментов се работи на адаптација на возила на јавните претпријатија за дистрибуција на истото, велат од таму. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Свети Наум Охридски, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затврач (шибер) Ф 80мм. на булевар Партизански Одреди бб. позади СЈО со прекинато водоснабдување ќе биде дел од булеварот Партизански Одреди позади СЈО во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)