Скопје
Град Скопје: Измените на Буџетот се прават во насока на нормално функционирање на градот
Сите средства кои се тргнати или намалени за одредени ставки во Буџетот на град Скопје за 2014 година, се направени со соодветно објаснување и логика, а измените и дополнувањата на Буџетот на Град Скопје за 2014 година се прават во насока на овозможување на нормално функционирање на градот.
Ова во понеделникот беше соопштено до медиумите од Град Скопје како реакција по однос на изјавата на советникот Предраг Трпески од опозициската СДСМ, кој обвини дека градоначалникот Трајановски троши пари на луксуз наместо за клучни проекти за граѓаните на Скопје.
Од Градот додаваат дека главна причина поради која се носи оваа одлука е помалиот прилив на средства во однос на проекциите за Буџетот на град Скопје за 2014 година, со што се појави потреба од негова корекција.
„Советниците на СДСМ во своите обраќања изразија противење на тргањето на средствата за реализација на изградбата на подземната сообраќајница во Скопје. Сакаме да потсетиме дека Градот Скопје прави сé во насока на реализација на овој проект, од изработка на сообраќајни и основни проекти, до ангажирање на меѓународна консултантска фирма, за на крај да бидат распишани два меѓународни тендери за изградба на овој инфраструктурен проект. Во реализацијата на овој проект се вклучи и Владата на Република Македонија, која донесе одлука да покрие две третини од сумата потребна за овој проект. На овие два тендери, пристигнатите суми кои беа понудени од компаниите беа превисоки, па оттаму реализацијата на истиот е одложен, но тоа воопшто не значи дека Градот Скопје се откажува од реализацијата на овој проект“, се вели во реакцијата.
Од Град Скопје велат дека нема потреба овие финансиски средства да стојат во буџет, ако реализацијата на истиот нема да отпочне оваа буџетска година./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

