Скопје
Град Скопје ја промовираше новата машина за пресадување дрвја
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, секретарот на Град Скопје, Марјанчо Тодоровски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ присуствуваа во саботата на промоцијата на новата машина за пресадување на дрвја, со што главниот град станува првата општина во регионот кој набавил ваква механизација.
„Градот Скопје ја набави новата машина за пресадување на дрвја за потребите на јавното претпријатие ‘Паркови и зеленило’. На возилото од марката IVECO е инсталирана дополнителна механизација и електроника за пресадување дрвја. Со користењето на ваква механизација при уредувањето на зеленилото, садниците ќе можат да се пресадат и транспортираат на брз и ефикасен начин, без притоа да се нанесе штета на дрвјата“, рече скопскиот градоначланик Трајановски
Појасни дека со ова возило и механизација, при изградба на разна инфраструктурa, нема да има потреба за сечење на старите дрвја, туку тие ќе бидат безбедно пресадени на друга локација. Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа во регионот која набавува ваква механизација, која очекуваме значително да помогне во работата на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и да даде голем придонес во заштитата на зеленилото и животната средина.
Машината за пресадување на дрвја има четири лопатки во функција, кои додека се отворени достигнуваат дијаметар од 1,5 до 2,7 метри, додека кога се затворени широчината на дијаметарот е од 1,7 до 2 метри. При работна функција тежина на носивост на надградбата е од 2.350 до 2.700 килограми.
Ова машина може да се користи за пресадување дрвја со стебло со максимална дебелина до 40 сантиметри. Механизацијата за пресадување на дрвја ќе се користи онаму каде што дозволуваат условите на терен, но не може да се користи на терен и локации каде постоjат плитки подземни инсталации.
За набавката на оваа машина за пресадување на дрвја Градот Скопје потроши околу 10 милиони денари, средства обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка./крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

