Скопје
Град Скопје објави оглас за финансирање проекти од областа на културата
Град Скопје во вторник (09.09) го објави конкурсот за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2015 година. Рокот за пријавува истекува на 9-ти октомври.
Оваа година новина е што Град Скопје објави и два посебни конкурси и тоа: конкурс за финансирање и поддршка на програмите и дејноста на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје и конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2015 година со „општи и посебни цели и критериуми за оценување на доставените проектни апликации на конкусот за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2015 година.
„Со воведување на овие измени се стремиме да им се излезе во пресрет на граѓаните, уметниците, невладиниот сектор и професионалните здруженија од областа на културата кои во текот на изработката на стратегијата, во рамките на дебатите кои се одржаа, укажаа на недостатоците и проблемите со кои се соочуваат при спроведување на досегашнаста процедура за одлучување и поделба на средствата од Буџетот на Град Скопје наменети за финансирање на кулурата“, велат од Град Скопје.
Конкурсот е објавен во дневните пишани медиуми „Дневник“ и „Коха“ и ќе трае до 9-ти октомври. Резултатите ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на градот Скопје за 2015 година.
Конкурсот заедно со пријавата може да се подигне на следните интернет врски:
– Конкурс за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2015 година
– Пријава за Конкурс од областа на културата во Град Скопје за 2015 година
– Општи и посебни цели за бодување
крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




