Скопје
Град Скопје: Поместувањето на оградата во ОУ „Кочо Рацин“ се прави за да се изгради пешачка патека
Поместувањето на оградата во ОУ „Кочо Рацин“ се прави со цел изградба на пешачка патека којашто ќе ја користат учениците на училиштето, посетителите на Водно и сите преостанати граѓани, и со неа ќе се зголеми нивната безбедност.
Ова се вели во реакцијата на Град Скопје, откако во среда градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ги обвини градските власти дека го узурпираат училишниот двор.„Просторот што ќе се одземе од училишниот двор е со вкупна површина од 23 квадратни метри, со што воопшто нема да се наруши функционалноста на училиштето и училишниот двор. Станува збор за простор што е од минимално значење за училиштето, а тој простор ќе се искористи за изградба на пешачка патека која е од голема корист за учениците и за сите граѓани“, се вели во реакцијата од Град Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

