Скопје
Град Скопје: Се чисти привременета депонија кај Стајковци
Водата и калта од домовите и дворовите во Стајковци во најголем дел е исчистена, уништената покуќнина и градежен шут, исто така, во најголем дел е изваден од домовите и се транспортира до привремената депонија кај клучката на обиколницата кај Стајковци.
На оваа привремена депонија механизација работи деноноќно на нејзино празнење, каде целото ѓубре се носи до депонијата во Дрисла.
На оваа привремена депонија во моментов се носи сметот од повеќе населени места, бидејќи повеќето слични привремени депонии беа исчистени и повеќе не се користат бидејќи тие беа лоцирани во дворовите на училишта, кои во моментов се подготвуваат за почетокот на училишната година, соопштуваат од Град Скопје.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски во петокот вечерта увид во активностите на терен во населеното место Стајковски каде екипи на јавните претпријатија на Градот Скопје и Противпожарната бригада на Скопје работат на нормализирање на состојбите по катастрофалните поплави од 6-ти август.
Како што информираат од Град Скопје, од минатата недела започна и големата акција за реконструкција на сите улици и патишта кои беа оштетени при големата поплава, каде започна со миење и тампонирање на улиците во сите населени места погодени од невремето.
ГВо средата, Советот на Град Скопје донесе Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба заради остварување на заедничка цел изградба, реконструкција и санација на улици во населени места во Општина Гази Баба, со која Град Скопје ќе издвои 150 милиони денари за реконструкција на оштетената инфраструктура во реоните погодени од големите поплави.
Градоначалникот Трајановски упати и апел до граѓаните за трпение во процесот на санација на улиците, велејќи дека истите се тампонираат по приоритетна потреба и сите улици ќе бидат опфатени со оваа акција./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Во текот на минатата недела отстранети 𝟨𝟣𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 615 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

„Приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад беа отстранети од улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Воедно, Претпријатието продолжува со секојдневно одржување на јавната хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.




Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.

