Скопје
Град Скопје: Тодоровиќ ќе каже што било договорено за фасадите во Центар
Градот Скопје ги има почнато и во најголем дел завршено сите законски постапки што се потребни за реконструкција на фасадите на објектите во строгиот центар на градот почитувајќи ги принципите на енергетска ефикасност, направени се проектите, направена е ревизија на тие проекти, обезбедени се финансиски средства за реконструкција на фасадите и спроведени се јавни набавки за избор на изведувач.
Ова се вели во реакцијата на Град Скопје на изјавата на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, кој рече дека нема пишан документ за обврската на општината да ги реконструира фасадите од задниот дел на објектите во Центар.
„Што од овие постапки има завршено општината Центар па што со толкава одлучност сака да реконструира фасади на објектите во строгиот центар“, прашуваат од Градот.
Градските власти ги упатуваат медиумите да се обратат до Владимир Тодоровиќ, претходниот градоначалник на Општината Центар за да појасни дали кога тој бил градоначалник било договорено Градот Скопје да ги обновува предните страни на фасадите од објектите во центарот, а Општината Центар да ги обнови задните страни од фасадите, за да се разреши оваа дилема. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

