Скопје
Град Скопје: За несреќите се виновни несовесните возачи
Денешниот протест пред Град Скопје, насловен како „Коце, врати ни ги улиците“, од таму оценуваат како невкусна политичка игра спроведена од страна на организаторите.
Денешниот протест пред Град Скопје, насловен како „Коце, врати ни ги улиците“, од таму оценуваат како невкусна политичка игра спроведена од страна на организаторите.
„Навистина не ја разбираме потребата од грубо лажење на јавноста дека за овие сообраќајни несреќи е одговорен Град Скопје или градоначалникот. Неколкуте сообраќајни несреќи кои организаторите на оваа група ги посочуваат како причина за денешниот протест, се случија поради невнимание на лицата кои управуваа со моторните возила, а не поради недостатоци со сообраќајната инфраструктура или со недостатокот на хоризонтална и вертикална сигнализација (обележан пешачки премин, обележани сообраќајни летни, сообраќајни значи, поставени семафори…). Во последните две сообраќајни незгоди каде животот го загубија велосипедистите, истите се случија на обележани пешачки премин за велосипедисти со црвена боја“, реагираат од градот.
Појаснуваат дека ова е случај со најголемиот број на вакви трагични настани, што е и констатирано со анализите на Министерството за внатрешни работи, каде како најчеста причина за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици на подрачјето на градот Скопје е човечкиот фактор, односно брзото возење, непочитувањето на правилата за првенство на минување, управувањето на возила под дејство на алкохол, како и управување на возила без поседување на возачка дозвола./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.

