Скопје
Град Скопје: Жерновски да го исполни договореното, да ја обнови задната фасада на објектите во Центар
Проектот за реконструкција на фасадите во централното градско подрачје е почнат пред неколку години кога градоначалник на општината Центар беше Владимир Тодоровиќ. Уште на почетокот на овој проект беше договорено Градот Скопје да го обнови предниот дел на фасадите, а Општината Центар да ја обнови задната страна.
Ова се вели во реакцијата на градските власти, на прес конференцијата на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, кој обвини дека намерно се наметнуваат барокни фасади на објектите на улица Македонија само од страната што гледа кон улицата.
„Зошто општината Центар, откако Жерновски е на градоначалничката функција, не го прифаќа тој договор и не ја продолжува реконструкцијата на задните страни од реконструираните фасади, не знаеме да одговориме“, велат од Градот.
Од таму додаваат дека сите фасади кои ги реконструира Градот Скопје се енергетски ефикасни и ги задоволуваат стандардите за енергетска ефикасност.
„Сакаме да му предочиме на градоначлникот Андреј Жерновски дека доколку тој сака да реконструира фасади, во општината Центар има доволно објекти на кои им е потребна реконструкција. Или, доколку сака, може да ги реконструира задните страни од фасадите што веќе ги обнови Градот Скопје и да го исполни својот дел од договорот“, порачуваат од Град Скопје. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

