Скопје
Град Скопје: Жерновски покажува елементарно непознавање на законските прописи
Сите обвинувања на градоначалникот Жерновски се неосновани и паушални, во кои истиот покажува елементарно непознавање на законските прописи во Република Македонија.
Ова се вели во реакцијата на Град Скопје, по најавите на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски дека ќе ја отстрани настрешницата на новата зграда во која е сместено ВМРО-ДПМНЕ, доколку се утврди дека е дивоградба.
„Градот Скопје, по барање на ДГ Бетон АД Скопје за издавање на решение за изградба на настрешница во функција на објект со група на класа на намени Б-Комерцијални и деловни намени, со основна класа на намени Б4-Деловни дејности и Б5-Хотелски комплекси, издава решение за одобрување на барањето со број 15/13-2287 од 26.02.2015 година. Град Скопје тврди дека целокупната постапка е во согласност со закон и во целосна надлежност на Град Скопје“, се вели во реакцијата од Град Скопје.
Од Град Скопје го потсетуваат градоначалникот Жерновски дека во овој случај не станува збор за урбана опрема, туку за настрешница на објект за која е издадено решение согласно законските прописи во Република Македонија.
„Констатираме дека согласно законите не постои можност за заеднички увид на терен и воедно го повикуваме Жерновски да изврши увид во целата документација, а општинските инспектори да постапат согласно на законот“, се вели во реакцијата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

