Скопје
Градоначалникот Коце Трајановски присуствуваше на Самитот на главни градови во Белград
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, присуствуваше на Самитот на главни градови (Capital Summit 2015) кој се одржа во четврток во Белград, Република Србија.
Станува збор за Самит на кој учествуваа градоначалници од локалните самоуправи од 12 градови од централна и од југоисточна Европа, каде што покрај градоначалникот на Скопје, присуствуваа и Александар Вучиќ, Премиер на Србија, Синиша Мали, градоначалник на Белград (Србија), Иво Комишиќ, градоначалник на Сараево (Босна и Херцеговина), Милан Бандиќ, градоначалник на Загреб (Хрватска), Зоран Јанковиќ, градоначалник на Љубљана (Словенија), како и претставници од Виена (Австрија), Варшава (Полска), Атина (Грција), Будимпешта (Унгарија), Софија (Бугарија), Тирана (Албанија), и Подгорица (Црна Гора).
На Самитот на главни градови покрај претставници од градовите, присуствуваа и високи претставници од Европската комисија и од Европскиот Парламент, меѓународни организации и бизнис заедницата. На Самитот се разговараше за развојот на големите инфраструктурни проекти и унапредувањето на квалитетот на животот во главните градови.
Овој самит е организиран во соработка со Националната алијанса за локален економски развој (NALED) и е одлична можност за унапредување на соработката на регионите и главните градови, поттикнување на економската соработка, поттикнување на економска размена и инвестиции и промоција на најдобрите примери во областа на инфраструктурата, урбанистичкиот развој, како и примери за развој на јавните и на комуналните услуги.
Самитот на главни градови е организиран во три посебни тематски целини: „Инфраструктура и урбан развој“, „Иновативни модели за давање услуги за граѓаните и бизнис заедницата“, и „Квалитет на животот и иден развој на градовите во централна и во југоисточна Европа“. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

