Скопје
Градоначалникот на Карпош се дружеше со граѓаните по повод празникот на виното и љубовта
Свети Трифун и Свети Валентајн, празникот на виното и празникот на љубовта беа повод, Општина Карпош да ја организира традиционалната манифестација „Дружење со осамените“.
По тој повод триесетина лица од Карпош со чаша вино, рози и заеднички појадок два часа другаруваа со градоначалникот на Општината на кој му ги кажаа своите желби, маки и потреби.
По тој повод, градоначалникот Јакимовски изјави дека општина Карпош по петти пат организира средба со лица на кои што им е потребна поддршка и љубов од локалната власт, особено граѓаните кои се осамени, без разлика дали немале брачен другар или е починат, и да им кажеме дека локалната самоуправа е тука, меѓудругото и да им пружи топол збор и поддршка.
„Со дел од овие лица ние често се гледаме, тие навистина пријателски ја доживуваат локалната самоуправа. Нашата задача не е само да придонесеме инфраструктурно да изградиме убава општината, тука да го засилиме оној човечки момент, да им дадеме целосна поддршка и помош на овие лица, рече општинскиот татко. Локалната самоуправа води сметка за луѓето, квалитетот на нивниот живот, нивните чуства. Таму каде што можеме ние им помагаме на разни начини со цел да им го олесниме животот и да им го подобриме расположението. Оваа манифестација ја организираме секоја година и стана некако традиција да се среќаваме токму во овој ресторан и со заеднички доручек и по еден цвет да си поразговараме“, рече Јакимовски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

