Скопје
Градот Скопје ќе субвенционира печки на пелети
Седумдесет отсто од вредноста на печката на пелети, но не повеќе од 30.000 денари, ќе субвенционира Град Скопје, доколку жителите се одлучат сегашното затоплување на домовите да го замени со еколошкото на пелети.
Како што појасни градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во пресрет на претстојната зима и почетокот на сезоната на затоплување на домовите, му предложил на Советот на Град Скопје на седницата во четврток да донесе Програма за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година. „Поточно, предложив Градот Скопје да им излезе во пресрет на граѓаните и да субвенционира купување на печки на пелети, односно, да надомести дел од трошоците направени при купување на печка на пелети за затоплување на домовите. Со оваа мерка, Градот Скопје ќе надомести 70 отсто од вредноста на печката, но не повеќе од 30.000 денари. Мерката не ги опфаќа домаќинствата кои имаат приклучок на градското централно греење“, рече Трајановски. Право на учество на јавниот повик што ќе го објави Градот Скопје ќе имаат жителите на Град Скопје, кои ќе купат печка на пелети за затоплување на својот станбен простор.Заинтересираните граѓани ќе треба да ги достават барање и изјава, доказ за жителство, фотокопија од лична карта, доказ во оригинал дека е извршено купување на печка на пелети, и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка по денот на објавување на повикот.Едно лице ќе може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок. Купувачот на печка на пелети своето барање за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 09:30 до 15 часот. На пликот треба да стои: Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година, како и името и презимето и адресата на барателот.
Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 5.890.000 денари, но не подоцна од 30.11.2016 година, т.е. јавниот повик ќе биде објавен во текот на наредната недела, после објавување на советот во Службен Весник на Република Македонија, а ќе трае до 30.11.2016 година./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета за млади лица на возраст од 18 до 25 години.
Станува збор за мерка што за првпат се реализира во општината и обезбедува директна финансиска поддршка во период кога трошоците за обука и полагање претставуваат значаен товар за семејниот буџет, со цел да се олесни пристапот до мобилност, да се поттикне самостојноста кај младите и да се создадат подобри можности за вработување, велат од Општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека општина Ѓорче Петров продолжува со мерки што носат практична и видлива поддршка за младите, со фокус на нивниот развој, нови можности и нивно задржување во локалната заедница.
Тој нагласи дека, покрај оваа мерка, Општина Ѓорче Петров има најавено и концепт за нова станбена населба наменета за млади, во рамки на која се предвидуваат мерки за олеснување на трошоците преку субвенционирање на дел од комуналните давачки. Целта е младите лица и младите семејства да добијат реална поддршка да ја градат својата иднина токму во Ѓорче Петров.
„Со вакви конкретни чекори, Општина Ѓорче Петров продолжува да развива политики што имаат директен ефект врз секојдневието на младите и создаваат услови за нивна поголема сигурност и стабилност.
Деталите околу условите и начинот на аплицирање ќе бидат дополнително објавени“, додаваат од Општината.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

