Скопје
Градот Скопје се подготвува за неделата посветена на одржливата мобилност
Од петок, во следните седум дена Градот Скопје се приклучува кон големото семејство градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста 2016 и со низа активности ќе ги одбележи деновите на алтернативната и одржлива мобилност.
Во деновите од 16 до 22 септември Градот Скопје ќе организира разновидна програма која е посветена и ќе биде интересна за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор. Во овие седум дена Градот Скопје ќе претстави многубројни активности и проекти што се поврзани со одржливата мобилност и ќе испрати силна порака за користење на алтернативните видови транспорт. Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат, да спортуваат, да се натпреваруваат, да разменуваат позитивни искуства и да учествуваат на трибини и форуми посветени на одржливиот транспортен систем. Традиционално, Европската недела на мобилноста 2016 ќе заврши на 22 септември, на Денот без автомобили, со големо велосипедско дефиле што ќе се вози на градските улици.Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2016 во соработка со невладината организација ОРТ, како и со Делегацијата на Европската унија во нашата земја, Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП.Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“. Манифестацијата има за цел да ги поттикне локалните политичари и јавноста паметната и одржлива мобилност да ја препознаат како инвестиција за Европа./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

