Скопје
Градскиот штаб за заштита и спасување ја следи состојбата
Градскиот штаб за заштита и спасување ги продолжува своите активности по серијата на земјотреси кои во недела и понеделник го погодија Скопје.
„Градскиот штаб за заштита и спасување е активиран и ја следи состојбата, а сите екипи на градските јавни претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје се целосно мобилизирани. Во сите пунктови на јавните претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита е зголемен број на екипи со 24 часа дежурства и истите се во подготвени за интервенција. Покрај нив, Градскиот штаб за заштита и спасување ги координира и активностите на општинските кризни штабови кои се мобилизирани“, се вели во соопштението.Во текот на овој период Градскиот штаб за заштита и спасување имаше поголем број интервенции, од кои најголемиот број беа интервенции на Бригадата за противпожарна заштита на запалени електромотори на лифтовите во зградите, кои се запалиле поради краток спој предизвикан од земјотресите.Паралелно со нив, поголем број екипи, предводени од стручните лица од ИЗИИС, од вчеравечер се на терен и работат на евиденција на оштетувањето на објектите кои се од приоритетно јавно значење, како што се училиштата, градинките, болниците и станбените објекти за домување. До овој момент поминати се над 40 објекти.Градскиот штаб за заштита и спасување и во наредниот период ќе остане во состојба на целосна мобилизација и внимателно ќе ја следи состојбата на терен. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

