Скопје
Градските јавни претпријатија правеа ’генералка’ низ Општина Аеродром
Изминативе неколку денови јавните претпријатија на Град Скопје, во рамките на дванаесетиот циклус на посети на скопските општини, извршуваа работни акции на територијата на Општина Аеродром.
Денеска градоначалниците на Град Скопје и Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, извршија увид на работата на терен на јавните претпријатија.
„Изминативе неколку денови градските јавни претпријатија на терен спроведуваа активности од нивната надлежност. И оваа година предвидени се голем број проекти кои ќе се реализираат за подобрување на животот на жителите на оваа општина. Најважни се реконструкцијата и проширувањето на булеварот „Трета македонска бригада“ – втора фаза, реконструкција на булеварот „Јане Сандански“ и реконструкција и проширување на булеварот „Асном“, кажа градоначалникот Трајановски.
По посетата на терен, се одржа и средба помеѓу претставници на градската и општинската администрација, претставници на јавните претпријатија и претставници од урбаните заедници, каде што се дискутираше за проблемите со кои се соочуваат жителите на оваа општина. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Општината молчи додека ‘Зимзоленд’ незаконски работи“, велат од партијата Левица
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските власти и понатаму молчат, иако е утврдено дека објектот „Зимзоленд“ работи без соодветна дозвола. И покрај ова, објектот сè уште е отворен и секојдневно посетуван од деца и семејства, без никаква реакција од општинските власти“, велат од партијата Левица.
„Фактот што станува збор за објект наменет за најмладите ја прави состојбата уште посериозна. Наместо итна интервенција и постапување согласно законските обврски, општината избира молк и неактивност, со што директно се доведува во прашање безбедноста на граѓаните, особено на децата.
Законот мора да важи еднакво за сите, без исклучоци и привилегии. Секое одложување на постапката претставува преземање на ризик и префрлање на одговорноста, која во случај на несреќа нема да може да се избегне.
Бараме итна интервенција од надлежните служби и затворање на објектот сè додека не се обезбедат сите потребни дозволи и безбедносни услови. Молкот на општината во вакви случаи ја прави истата соучесник во криминалот“, се додава во соопштението на партијата Левица.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

