Скопје
Градските власти и таксистите се вклучија во кампањата за употреба на безбедносниот ремен
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и претставници на такси-компаниите во петок на прес конференција ја нагласија важноста од врзување на безбедносниот ремен за возачите, но и за патниците во моторните возила кога се вклучуваат во сообраќајот.
„Уште еднаш сакаме да упатиме порака до граѓаните за тоа колку е важно да го врзуваат безбедносниот ремен на предното, но и на задното седиште во возилото. Во таа насока, на такси возилата во Скопје на задното стакло има залепено жолти налепници кои ќе ги потсетуваат корисниците на такси-превозот да го врзат безбедносниот ремен. Сметам дека оваа кампања во голема мера ќе придонесе за зголемување на свеста кај граѓаните за безбедно учество во сообраќајот, зашто секој од нас може да придонесе за својата и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот“, рече Коце Трајановски.
Гојче Стефковски од компанијата „Сонце“ и претставник на такси-компаниите нагласи дека такси-возачите отсега имаат задача да ги потсетуваат своите патници да го врзат појасот, без разлика дали седат на предното или на задното седиште.
„Врзувањето на безбедносниот ремен е од исклучително значење за безбедноста на учесниците во сообраќајот. Апелирам до сите возачи и до патниците во моторните возила да го врзат појасот. Нашата кампања ќе трае подолго од предвиденото зашто нашата цел е да ги промениме навиките кај граѓаните и да ја подигнеме јавната свест за безбедноста во сообраќајот“, рече Тоше Јанев, од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

