Скопје
Граѓани од поплавените подрачја се сместуваат во канцелариите на ПОЦ
Вработените на ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во втроник повторно се на терен за помош во најзагрозените подрачја од невремето коешто го зафати скопскиот регион.
„Заедно со вработените во ЈП ПОЦ вчерашниот ден го поминавме во село Стајковци помагајќи на поплавените семејства. Верувајте, ситуацијата е далеку полоша од она што е претставено. Со зборови не може да се опише ужасот што го видовме. Урнати куќи, поплавени домови, паднати потпорни ѕидови, блокирани улици, скршени дрвја е вистинската слика од погодените места. На овие луѓе тука им е потребна многу поголема, поорганизирана и помасовна физичка помош на терен“, изјави Саша Богдановиќ, директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар, кој заедно со дел од вработените во претпријатието, вчера им помагаа на граѓаните и ги расчистуваа местата кои беа погодени од катастрофалното невреме.Претпријатието, исто така, дел од деловните простории ги стави во функција на сместувачки капацитети за згрижување на луѓето од кризните региони и одбезбеди соодветни капацитети за користење на паркинг места во Катната гаража „Судска палата“ за чување на автомобилите во сопственост на граѓаните од кризните региони, со цел спречување на дополнителни материјални штети. Во Дирекцијата на ЈП ПОЦ отворен е и пункт за донации кадешто граѓаните ќе можат да донираат храна, средства за лична хигиена, вода, лекови и сличен вид на соодветна помош./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!
„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот.
Кога го презедовме градот во финансиски колапс, со одговорно и домаќинско работење успеавме повторно да го исправиме на нозе. И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. Се бориме за Скопје какво што го сакаме – функционално, чесно и во служба на граѓаните“, кажа Ѓорѓиевски.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.

