Скопје
Граѓаните на Илинден ги посочија приоритетите за 2015 година
Повеќе проекти од областа на патната инфраструктура, образованието, заштитата на животната средина, уредувањето на градежното земјиште, урбанизмот, јавната чистота и јавното осветлување, спортот и културата, граѓаните ги посочија како приоритети кои што треба да влезат во Буџетот на Општина Илинден за 2015 година.
Меѓу проектите што се најдоа на оваа приоритетна листа се изградба, санација и реконструкција на локалната патна инфраструктура, како и изградба на патна инфраструктура во локалните економски зони, проектот „Изградба на 10 мостови во Општина Илинден“.
Во областа на социјалната заштита проширување на детската градинка со што ќе се овозможи згрижување на нови 120 деца, со што вкупниот капацитет на градинката ќе биде 350 деца, потоа во делот на комуналната инфраструктура изградба на фекална канализација за зафаќање, третман и одведување на отпадните води и пречистителни станици, во областа на заштита на животната средина зафаќање и одведување на атмосферските води.
Во областа на спортот изградба на пешачко-рекреативна патека во должина од два километра, со велосипедска патека, патека за ролери и скејтборди, зеленило, поставување на фитнес реквизити, како и изградба на 2 повеќенаменски игралишта, во областа на образованието изградба на училиште, модернизација, доградба и реконструкција на основните училишта во насока на подобрување на образовниот процес, во областа на културата изградба и реконструкција на домовите на културата…
Обраќајки им се на присутните градоначалникот Жика Стојановски им се заблагодари на граѓаните за нивното активно учество на Буџетскиот форум и за силниот придонес што го даваат за подобрување на условите за живеење во Општина Илинден.
„Би сакал да истакнам дека локална самоуправа која што има жители како вас не треба да се плаши за својот развој, за својата иднина, за својот напредок. Тоа го покажавте и досега. Придонесот на граѓаните е најзначаен фактор и вашиот придонес секако дека ќе се одрази, ќе се отслика во уште посилен одржлив развој на Општина Илинден“, истакна градоначалникот Стојановски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

