Скопје
Граѓански протест: се бараат итни мерки против загадувањето
Итни мерки против загадувањето, наместо панорамско тркало, бидејќи проблемот со емисијата на ПМ 10 честички е погубен за децата, и треба да стане врвен приоритет на владата и на власите на Градот Скопје, порачаа граѓанските активисти од протестот во Градскиот парк барајќи итни а не само декларативни мерки.
Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи, а протесниот собир во серата попладнето започна кај фонтаната во Градскиот парк од каде што беа испратени барањата и пораките до надлежните институциите, а продолжи кон градското собрание и владата. Пеш и со велосипеди, со маски на лицата и со транспаренти, граѓански активисти дојдоа во Градскиот парк за да го вклучат алармот кај надлежните за смртоносните последици од аерозагадувањето.
Организаторите на протестот порачаа дека после празниците повторно ќе излезат на протест, а преку петиција ќе поднесат колективна тужба за надлежните кои не преземаат мерки и покрај високото ниво на загадување, кое го покажуваат и мерните станици на министерството за животна средина кои изминатите денови измерија дури дваесет пати поголеми концентрации на отровните ПМ честички во воздухот.
Минатата седмица беа претставени статистиките според коишто на годишно ниво во земјата се регистрирани повеќе од 1.200 смртни случаи како директна последица од аерозагадувањето. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

