Скопје
Груевски: Многу инвестиции во Општина Илинден
Премиерот Никола Груевски, во сабота, при посетата на општина Илинден направи увид на градежните активности за изградба на нов објект за амбуланта во населеното место Миладиновци и реконструкција на основното училиште „Браќа Миладиновци“, а пушти во употреба пречистителна станица во Кадино.
Премиерот Никола Груевски, во сабота, при посетата на општина Илинден направи увид на градежните активности за изградба на нов објект за амбуланта во населеното место Миладиновци и реконструкција на основното училиште „Браќа Миладиновци“, а пушти во употреба пречистителна станица во Кадино.
Изградбата на новата амбуланта во Миладиновци која ќе обезбеди две нови ординации за општа медицина, стоматолошка ординација, просторија за вакцинација, просторија за интервенција, лабораторија и аптека.
Ќе се гради дом за стари лица во Илинден, а во непосредна близина оваа година планирано е да почне да се гради и здравствен дом поликлиника во населбата Илинден.
Големо значење има и изградбата на модуларното училиште кое по долги години, посочи, го реши проблемот со просторните услови за основното училиште, но и овозможи воведување средно образование во општината Илинден.
„Имаме издвоено четири милиони денари со кои во моментов се реконструира кровот на ОУ „Браќа Миладиновци“. Исто така, еден од најновите проекти во Илинден е и проширувањето на капацитетот на детската градинка „Гоце Делчев“. Ова е уште еден од проектите кој го реализираме заедно со Општина Илинден и со кој ќе се изгради нов дел на градинката со површина од 650 метри квадратни и со тоа ќе се зголеми капацитетот за нови 120 деца“, појасни Груевски.
Од сите области на кои секојдневно работиме, додаде, едно од најважните е отворањето нови работни места и привлекување нови инвеститори. „На ова поле исклучиво ми е драго што можам да констатирам дека во изминатиот период општина Илинден прерасна во една од водечките општини по бројот на домашни и странски инвеститори во Македонија. Ваквата состојба, пред се, се должи на промоцијата на Владата за привлекување нови инвеститори, но и на условите кои ги нуди самата општина“, истакна Груевски.
Во последните 10 години во локалните економски зони во Илинден, според премиерот, успешно се остварени над 160 инвестиции, од кои 30 странски. Оваа есен, рече тој, очекуваме да се пушти во употреба новата фабрика за производство на кондиторски производи, а во наредниот период и повеќе други објекти и фабрики кои се градат./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.
Македонија
(Фото) „Водовод“ отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, известува, дека со цел да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на новоотворениот наплатен пункт.

„Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.

Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот“, соопшти „Водовод“.

Од таму информираат дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.

