Скопје
Хортикултурно уреден уште еден простор околу Зелен пазар
Целосно хортикултурно е уредена јавната зелена површина во строгото централно подрачје, која се наоѓа околу “Зелен пазар” на потегот од булевар „11 Октомври“ до улица “Македонија“.
Локацијата се протега на површина од 8.000 м2 и ги опфаќа зелените површини околу станбените блокови, кои досега беа со уништено зеленило и стари деградирани дрвја.
Се работи за специфичен простор, каде што дневно циркулираат огромен број граѓани, а жителите на околните станбени комплекси имаат потреба од модерно уреден простор за одмор и релаксирање.
„Ова беше единственото место во комлексот Градски ѕид каде што немаше детско игралиште. Граѓаните со децении бараа катче за игра и рекреација за најмладите.
Општина Центар, конечно на површина од 170 метри квадратни, гради ново современо игралиште со модерни дрвени детски рекзвизити. За зголемена безбедност на децата, се поставува гумена антиалергиски и антибактериска подлогата. И со ова игралиште, општината го задржа стандардот и квалитетот за изградба на игралишта за најмладите.
Општина Центар изврши комплетна реконструкција на тревниците. Околу нив, наместо железни огради, засадени се бордури од зимзелени садници како зелени огради. Задржани се дел од постоечките садници кои што се во добра состојба, со обликување на крошните и кастрење на гранките на високите дрвја“, информираат од Општина Центар.
Засадени се околу 2.300 садници, дел од нив зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривачи, групирани во алпинетуми или во бордури како зелени огради покрај патеките. Локацијата ја красат и 2 зимзелени магнолии, со преубави бели цветови.
За поголема разиграност и колоритност на просторот, планирани се неколку алпинетуми со околу 3.000 сезонски цветен расад.
Полевањето се изведува со автоматски систем за полевање, приклучен на хидрантската парковска мрежа. Со системот за полевање ќе се овозможи навремено и комплетно наводнување на тревникот и садниците, а со тоа и нивен повитален раст и развој. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

