Скопје
Хуманитарна аукција на дресови од македонски спортисти
Во вторник ќе се одржи хуманитарна аукција на дрсови од повеќе македонски познати спортисти, а парите собрани на аукцијата ќе бидат донирани за поплавените во Скопје.
Портрет магазин заедно со македонските спортски ѕвезди со хуманитарна аукција за семејствата погодени од поплавата„Постојат моменти кога заедништвото со поголем интензитет носи бар маклу среќа во очите на другите, оние кои се со страшна приказна, која во секнунда го сменила нивниот живот. Тука сме заедно да придонесеме за оние кој најмногу им е потребно внимание и доза на надеж за подобар живот.Токму поради тоа, кај нас се кристализираше идејата да се вклучиме во собриањето на помош за погодените од поплавата, заедно со македонските спортисти да дадеме поддршка за одигрување на најважниот ‘меч’ за нашите поддржувачи“, велат организаторите. По тој повод, Портрет Магазин заедно со македонските спортисти организира хуманитарна аукција на дресови од македонските спортисти: Перо Антиќ, Кире Лазаров, Дејан Манасков, Борко Ристовски, Филип Талески, Јован Костовски, Владо Илиевски, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Војдан Стојановски, Столе Стоилов, Наумче Мојсовски, Пепи Манасков, Горан Пандев, Александар Васовски, Влатко Гроздановски и Бобан Грнчаров. Хуманитарната аукција на дресови од македонските спортски ѕвезди, ќе се одржи утре, 16.08.2016 (вторник), во Јавна соба со почеток од 17 часот. За подобра мотивација, исто како на терените, музички придонес на грамофони ќе даде Ненад Стефаноски (Foolish Green) Покрај средствата собрани од акукцијата, дополнително ќе се собираат и парични донации во кутии, поставени на самото место. Сите средства ќе бидат донирани директно на семејствата погодени од поплавата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.

