Скопје
Иднината е во електромобилите
Обука за електрични возила, електровелосипеди и електромопеди за ученици во основните и средните училишта од Скопје, се одржа во петок на полигонот на Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника.
Обуката е дел од активностите на третиот ден од „Европската недела на мобилност 2015“. Учениците се запознаа со различните видови електромобили и користа од нивната примена, а се интересираа за нивните перформанси.
Активностите на третиот ден од ЕНМ 2015 се одвиваат под мотото „Иднината е во електромобилите, грижи се за својата иднина“, а ги спроведува невладината организација „Електромобилност“ во соработка со Градот Скопје.
На полигонот на Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска до 17 часот се одржува експо на електрични и хибридни возила. Закажани се и повеќе предавања и работилници на кои за електричните возила, за нивните перформанси и користа за животната средина ќе зборуваат предавачи од земјава и од странство, како и лица што направиле конверзија на своето возило во електромобил. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




