Скопје
Информативен пулт „Го сакам ГТЦ“ на ул. „Македонија“
Информативен пулт на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ е поставен на ул. „Македонија“. „Домаќини“ на пултот се архитекти, јавни личности и активисти.
Информативен пулт на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ е поставен на ул. „Македонија“. „Домаќини“ на пултот се архитекти, јавни личности и активисти.
Целта на пултот, велат од иницијативата, е да ги информираат граѓаните за настанот на 28-ми декември и да им ја доближат заложбата за автентично идно третирање на ГТЦ. Исто така, граѓаните може да се потпишат на петицијата за зачувување на стариот лик на ГТЦ.
На 28ми декември „Го сакам ГТЦ“ ќе организира настан за, како што велат, одбрана на ГТЦ со жив ѕид околу трговскиот. Настанот ќе почне во 19 часот, а предвидени се јавни говорења и настапи на музички ѕвезди.
„За да бидеме присутни поголем дел од деновите и во јавен простор, сечија добронамерна поддршка е добредојдена. Секој кој може да волонтира во активностите, може да се пријави преку порака на e-mail: [email protected], на Facebook: www.facebook.com/GoSakamGTC или да се пријави кај волонтерите на штандот“, се вели во соопштението.
Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ ги повикува граѓаните кои имаат стари фотографии, приказни, инспирирани дела од ГТЦ и било какви материјали за ГТЦ да ги споделат на горенаведените адреси.
Пултот е лоциран на почетокот од ул. „Македонија“, кога се влегува од плоштадот, а е поставен секој ден, освен недела, од 14 до 21 часот.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

