Скопје
Инсталирана пречистителната станица во населба Илинден
Комплетно е инсталирана пречистителна станица за прифаќање и третман на отпадните води во населбата Илинден, соопшти локалната власт.
Пречистителната станица со капацитет од 1.250 екв/жители што е комплетно автоматизирана и претставува модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградува во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители.
Во рамките на изградбата на овој сегмент од фекалната канализација во населба Илинден, следува поврзување на пречистителната станица со канализациониот систем, каде што од предвидените 5.155 метри од системот, припадна површина 7, досега се изведени 3.470 метри.
Во населено место Кадино, пак, каде што се гради вториот сегмент од фекалната канализација, по поставувањето на пречистителната станица и извршените потребни тестирања на системот, во тек е изведба на приклучоци до индивидуалните корисници. Со изградбата на овој дел од канализацијата, припадна површина 4, ќе се реши проблемот на над 300 семејства или, околу 1.250 екв/жители во населеното место Кадино.
Досега е изграден и предаден во употреба првиот сегмент од фекалната канализација и пречистителна станица со капацитет од 1250 екв.ж. во Марино. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




