Скопје
Инсталирани две нови трафостаници во Општина Илинден
Две нови трафостаници со поголем капацитет беа инсталирани во населбата Илинден и населеното место Бујковци, информираат од општина Илинден.
Со изградбата на овие трафостаници кои располагаат со моќност од 400 kw, продолжува успешната соработка меѓу Општина Илинден и ЕВН, во рамките на која се реализирани повеќе проекти во насока на граѓаните на Општина Илинден да им се обезбедат подобри и поквалитетни услуги. Во рамките на проект за изградба на нова и реконструкција на старата дистрибутивна мрежа во Општина Илинден, претстои реконструкција на 20 kV далекувод со кој ќе бидат опфатени населените места Мршевци, Бујковци, Текија и Дељадровци, како и реконструкција на енергетската мрежа во Марино.„Со досега реализираните, како и со новите проекти значително се подобрува квалитетот на напојувањето, односно напонските прилики во индустриските зони, како и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија на сите постоечки корисници во Општина Илинден“, информира локалната власт. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

