Скопје
Исчистени косините на реката Вардар и на Усјански канал од нискостеблеста вегетација
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во текот на изминатиот месец рачно ги чистеа косините и коритото на реката Вардар од нискостеблеста вегетација.
Чистењето се спроведе на потегот од Луна Парк во правец кон мостот Гоце Делчев од двете страни на косините и на коритото во должина од 1300 метри. Исто така, целосно се исчистени косините од двете страни, како и коритото на реката Вардар на потегот од мостот кај Холидеј ин до мостот на Железничка станица во должина 800 метри. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ рачно исчистија од нискостеблеста вегетација вкупно 4200 метри.
Рачно е исчистена нискостеблестата вегетацијата и на двете страни на косините на коритото на Усјанскиот канал на територијата на Општина Аеродром од улица Горно Лисиче до железничката пруга, во должина 680 метри, како и во Општина Кисела Вода од населбата Усје до железничката пруга во населбата Градинар, во должина од 1135 метри.
Екипите на ЈП„Улици и патишта“ рачно исчистија вкупно 3630 метри од Усјанскиот канал кои беа обраснати со густа вегетација. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

