Скопје
Исчистени сите патишта во Општина Илинден
Сите локални патишта во Општина Илинден се проодни и по нив непречено се одвива сообраќајот, автобусите на јавниот превоз возат на редовните линии до крајните дестинации и нема забележани прекини на електричната енергија, соопшти Општината.
Ова е накусо состојбата во понеделник изутрина, 29ти декември, во Општина Илинден по паѓањето на првиот годинашен снег.
Најголем придонес во расчистувањето на снегот, велат од Општината, даде новото возило за зимско одржување на улиците и патиштата што годинава го набави Општина Илинден и го даде на стопанисување на ЈКП „Илинден“.
„Ова возило кое што за прв пат беше ставено во функција на расчистување на снегот, се покажа како исплатлива инвестиција. Со негова помош многу брзо беа оспособени главните сообраќајници низ населените места и пристапите од автопатот кон Општината. На сите локални патишта е фрлена сол и ризла. Екипите на ЈКП „Илинден“ работат на расчистување на пристапите кон сите основни училишта, како и средното училиште во Општината, амбулантите, и други јавни установи, а се чистат и тротоарите за да се овозможи безбедно движење на пешаците“, се вели во соопштението.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

