Скопје
Избрани најдобрите трговски објекти за 2016 година
Град Скопје и Агенцијата SWOT Research по десетти пат направијаизбор за најдобри трговски објекти, активност која што и оваа година се реализира во рамките на проектот „Месец на трговијата”.
Наградите за најдобрите трговски објекти за 2016 година ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
„Истражувањата на проектот „Месец на трговијата” се спроведоа во текот на месец ноември, каде тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми, како што се изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите. Целта на оваа манифестација е да се поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки, како и да се изврши сондирање на квалитетот на услугите во трговијата во повеќе дејности на ниво на Скопје“, рече градоначалникот Трајановски.
SWOT RESEARCH преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени трговците според примарните критериуми и според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж.
За трговски објекти за 2016 година се избрани следните:
Во категоријата „Модни додатоци и накит“
1. Божиновски
2. Б – Воч
3. Златар Тони
Во категоријата „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“
1. Агротехна
2. Нептун
3. Елипсо
Во категоријата „Компјутерска, аудио, аудио – видео и телекомуникациска опрема“
1. Телеком продавница
2. Сони Галерија
3. НИКО КОМПЈУТЕРИ
Во категоријата „Бутици“
1. Бела
2. Хуго Бос
3. Кеги Шуз
Во категоријата „Парфимерии и козметика “
1. Шатци
2. Ри-Ма
3. L’ OCCITANE
Во категоријата „Салони за мебел“
1. Кристина Дамил
2. Акрон
3. Технокооп
Во категоријата „Супермаркети“
1. Гранап
2. Рамстор
3. Тинекс/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

