Скопје
Избрани нови директори на ЈСП Скопје и ЈП „Водовод и канализација“
Нов директор на ЈСП Скопје е Игор Јанушев, додека прв човек на ЈП „Водовод и канализација“ е Александар Атанасов.
Двајцата се назначени откако беа избрани врз основа на конкурсот, распишан од страна на Градот Скопје во декември минатата година.
Новиот директор на ЈСП Игор Јанушев е роден 1983 година и има завршено образование на Правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”. Истиот повеќе години е вработен во министерството за транспорт и врски, каде досега бил раководител на Сектор за воздухопловство.
Првиот човек на ЈП „Водовод и канализација“ Александар Атанасов е роден 1985 година и има завршено образование на Њу Јорк колеџот во Солун, Република Грција на смер “Бизнис администрација и менаџмент”. Истиот има работено во областа на односите со јавноста, а од септември 2010 година до сега ја извршува функцијата Генерален директор за шински возила Велес. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

