Скопје
Изградена нова атмосферска канализација за гробиштата „Бутел“
Екипи на Град Скопје изградија нова атмосферска канализациска мрежа по должината на улицата Александар Урдаревски, со цел спречување на поплавувањето на дел од гробиштата „Бутел“.
На вкупна должина од 1.800 метри по должината на улицата Александар Урдаревски (од крстосницата на улицата Александар Урдаревски со улицата Бутелска до средината на гробиштата), покрај патот, беше изведен ископ на длабочина од 2 до 4 метри и ширина од 1,6 до 1,8 метри во кој беа поставени полипропиленски цевки со профил од 800, 400 и 300 милиметри. Цевките беа поврзани на постојната мрежа од гробиштата Бутел.
Во текот на градежните работи за изведба на новата атмосферска мрежа во коритото на реката Серава е изведена армирано бетонска шахта со поголем испуст што овозможува атмосферската вода од мрежата непречено да се влева во реката Серава.
Беше извршена и санација на насипот пред гробиштата.
Изградбата на новата атмосферска канализациска мрежа по должината на улицата Александар Урдаревски се одвиваше во три фази. Во овој градежен зафат, кој ги реши долгогодишните проблеми со собирањето на атмосферските води, Градот Скопје вложи околу 21 милион денари. /крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

