Скопје
Изложба на фотографии на тема „ГТЦ“
Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ во следните три дена организира изложба на фотографии на тема „ГТЦ“ собрани преку социјалните медиуми, личните архиви на граѓаните, како и архивски стари фотографии од ГТЦ.
Ова ќе биде најголемата изложба на фотографии посветени на Градскиот трговски центар, а посетителите ќе имаат можност да видат над 300 фотографии кои датираат од почетокот на градењето на објектот кон крајот на 60-ите години на минатиот век, па се до денес.
Меѓу другото, посетителите ќе можат да видат и ретки и оригинални фотографии од ГТЦ кои по првпат ќе бидат јавно објавени, а ќе има и посебен колаж од слики од личната галерија на учесниците во изградбата на објектот. Исто така, на изложбата ќе бидат поставени и сите оние фотографии кои во изминатите денови беа испраќани од граѓаните на Скопје во рамките на конкурсот „Го сакам ГТЦ“, организиран од страна на истоимената иницијатива.
Изложбата ќе биде поставена денес во паркот Жена – Борец и ќе започне во 16:00 часот, додека, пак, во четврток и во петок ќе биде отворена од 12:00 до 20:00.
Изложбата на фотографии „Го сакам ГТЦ“ е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“ која има цел да ги мотивира граѓаните во Општина Центар да излезат на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 26-ти април и на кој граѓаните на Општина Центар ќе одлучуваат за изгледот на ГТЦ. /крај/мф/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




