Контакт

Скопје

Извршен увид во работите на новата фекална канализација за Сопиште и Сончев град

Објавено пред

Увид во градежните активности на проектот “Изградба на фекална канализација во населено место Сопиште и локалитетот “Сончев град“ и одведување кон постоечките канализациони мрежи во Општина Кисела Вода и Општина Аеродрoм“, денес извршија Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и градоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски.

dobivaj vesti na viber

 

„Некаде пред 15тина дена започнаа градежните работи за изградба на овој колекторски систем кој ќе се протега од реката Вардар до населбата Сончев град и ќе ги поврзе општините Сопиште, Кисела Вода, и Аеродром и ќе реши еден децениски проблем, а тоа е Усјанскиот канал“, изјави министерот Јанакиески.

 

„Се работи за мрежа од 15 км, инвестиција во вредност од 5 милиони евра, од кои, дел ќе се обезбедат од буџетот на Министерството за траспорт и врски, дел преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Согласно потпишаниот договор, градежните работи треба да завршат за 18 месеци, што значи дека некаде кон крајот на 2015 г, овој колекторски систем треба да биде завршен  и ќе биде користен од  околу 130 000 граѓани“, истакна министерот за транспорт и врски.

 

Потенцираше дека се работи за една крупна инвестиција, која е дел од програмата на градоначалниците и дел од програмата на владата на РМ и ги најави и следните чекори во овој проект.

 

„Потоа градоначалникот,  во соработка со  Министерството за животна средина, ќе направи колекторски систем сè до препумпната станица, со тоа ќе направиме еден интегрален систем, со што, сите овие 4 општини ќе имаат еден нов модерен колекторски систем за фекални отпадни води“, најави Јанакиески.

 

Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски ја назначи важноста на овој проект.

 

„Овој колекторски систем е од животно значење за екологијата на градот Скопје, со оглед на тоа што досега немаше таков систем во овој дел на градот, пред сè, мислам на Кисела Вода и Сопиште. Овој проект не е целосно завршен, имено, направена е техничка документација за овој дел, кај што завршува, од Сончев град, па сè до  пред булеварот Асном.  Но, веќе од градот Скопје , преку ЈП Водовод и Канализација е направен проект за продолжувањето на овој фекален колектор, по булеварот Асном, од булеварот Србија се до препумпната станица и со тоа ќе знаеме дека овој проект е целосно завршен. Преку Министерството за животна средина т.е. Владата на Република Македонија, веќе е објавен тендерот и е во фаза на евалуација . Се надеваме дека најдоцна за еден месец ќе биде избран проектант на техничката документација на колекторски систем од 90 км во градот Скопје, кој ги вклучува колекторот по булеварот Асном и другиот, од другата страна на Вардар, од Ќерамидница, па сè до пречистителната станица во Трубарево. Но сепак, приоритетен ќе биде колекторот по булеварот Асном“, истакна Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски

 

Она што е од суштинско значење за општина Кисела Вода е што овој проект се одвива по две траси, првата од Сопиште, преку Христо Татарчев до булевар Србија и втората-Усјанскиот Канал, она горливо прашање за општина Кисела Вода, веќе децении наназад. Во иднина, општина Кисела Вода со постоењето на оваа примарна мрежа, ќе може да изготвува проекти за секундарни мрежи во опфат на повеќе населби, пред се, село Усје, Градинар, Пинтија, Стаклара,Припор. Се работи за над 13 000 жители кои се уште користат септички јами, што е неприфатливо во 21-виот век“, изјави градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

 

Таа додаде дека согласно законите за легализација, со легализирањето на дивите градби, како општини треба до легализираните објекти да обезбедат и соодветна инфраструктура.

 

И градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски, назначи дека овој проект е резултат на една добра соработка меѓу институциите.

 

Освен што проектов овозможува решавање, собирање на отпадните води од населбата Сончев град, ќе се реши и собирањето на отпадни води од населеното место Сопиште, поточно улиците 22 , 24 и овозможува развој на една нова локација, локацијата Трапија, каде што може во иднина да се предвиди нова населба,  слична на Сончев Град./крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Објавено пред

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;

– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија3 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија5 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет21 час

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија22 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија22 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија1 ден

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет1 ден

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија1 ден

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет1 ден

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет1 ден

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 дена

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...