Скопје
Јакимовски: До крајот на годинава околу 50 згради ќе добијат енергетски ефикасни фасади
До крајот на оваа година, во Општина Карпош целосно ќе бидат завршени реконструкциите на речиси 50-на фасади на колективни станбени објекти, ова во петок го најави градоначалникот на оваа општина Стевчо Јакимовски.
Тој додаде дека оваа бројка, која ги вклучува и реконструираните фасади на зградите од минатата година, е само дел од севкупниот план, според кој во наредните четири до пет години, треба да се реновираат сите фасади во оваа локална самоуправа и да се заменат со енергетски ефикасни.Според Јакимовски, на ваков начин граѓаните ќе добијат термо изолирани фасади, кои во натамошниот период ќе заштедуваат од енергијата потребна за затоплување и ладење.„Продолжуваме со реконструкција на фасадите во Општина Карпош, овој пат на улицата Волгоградска и на улицата Соле Стојчев. Целокупната инвестиција е некаде околу девет милиони денари, финансирана од буџетот на локалната самоуправа. Бидејќи ова е улицата која кореспондира со трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ планираме фасадата и целата архитектура да биде компактибилна со трговскиот центар, сѐ со цел улиците „Љубљанска“ и „Волгоградска“ да бидат во една композиција заедно со обновените објекти во делот на Карпош 3“, рече Јакимовски.Тој апелираше до жителите на овие објекти да се потрудат пред реконструкцијата на фасадите да ги променат своите прозорци и да стават термички, сѐ со цел да се постигне поголема енергетска ефикасност. Првиот човек на Општината, јавно ги повика сите граѓани кои се заинтересирани за обнова на лифтовите и покривите, да се пријават навреме, бидејќи истите ќе се реконструираат заеднички со Општината која ќе помогне со сопствени финансиски средства . „Планираните 11 станбени објекти за реконструкција со термичките фасади на територија на Карпош 4, ќе бидат целосно обновени и со тоа безбедни за наредните 30-на години“, рече Јакимовски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.

