Скопје
Јакимовски одржа предавање пре студентите на УТМС
Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, пред студентите од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, одржа во понеделникот презентација на тема „Oсврт на менаџирањето на локалната самоуправа“.
Преку едукативно предавање, тој ги запозна студентите кои студираат на насоката за туризам и економија, за функционирањето на една Општина. Во прв ред, Јакимовски истакна дека функцијата градоначалник подразбира не само политички, туку и менаџерски вештини и ова е работата во која се пронаоѓа најмногу и која од се срце ја работи.
„Квалитетот на услугите кои ги дава локалната самоуправа се од витално значење за функционирањето на целокупниот државен апарат, затоа што најчесто граѓаните велат дека и оние ингеренции кои што ги нема локалната самоуправа, сепак се обврска на локалната самоуправа. Ако локалната самоуправа не дава соодветни резултати, тогаш јасно е дека се рефлектира и врз останатите државни институции“, рече градоначалникот на општина Карпош.
Во рамките на презентацијата, градоначалникот пред студентите Јакимовски образложи какви приходи се слеваат во локалната самоуправа, за што се трошат и каде се употребуваат, секако во прилог на жителите на Карпош. Политиката на локалната власт ја решава Советот на општина Карпош, предводен од претседателот на Советот и секретарот кои донесуваат одлуки во договор со советниците, рече.
Јакимовски истакна дека притоа анкетите кои се спроведуваат меѓу жителите преку целата година за тоа колку тие се задоволни од образованието на своите деца и внуци, здравствената заштита и хигиена во основните училишта и градинки, кои се во надлежност на локалната самоуправа не се изоставаат, туку се главен ориентир во планирање на идните активности.
Посебна акцент градоначалникот Јакимовски стави на делот на имотно-правните односи, како и на урбанизација. Општина Карпош е единствена општина која има развиено 14 урбани заедници, каде во секоја заедница има претседател и одлична комуникација со граѓаните. „Сево ова, се должи на работа и труд, бидејќи локалната самоуправа треба да биде најдобар сервис на информации и услуги за граѓаните“, порача Јакимовски кој по предавањето одговараше на прашања поставени од студентите на кои даде соодветни и опширни одговори./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

